750 денари месечно, во следните четири месеци, за 66 илјади пензионери чија пензија е со износ од 11.526 до 14 илјади денари.
По 1500 денари ќе добијат оние со пензија до 11.526 денари. Ова е дел од сетот мерки, кои ги усвои Владата, а со цел полесно справување со кризата.
Од Сојузот на здруженија на пензионерите, Станка Трајкова ја поздрави помошта истакнувајќи дека секаква помош, колку и да е мала, за пензионерите е добредојдена. Таа додаде дека очекуваат помош и од општините.
Но се поставува прашањето колку овие средства ќе ги извадат од криза нашите пензионери? Трајкова вели дека колку толку овие пари ќе им помогнат за подобрување на материјалната состојба.
Исто така 42 илјади граѓани од загрозени категории ќе примат по 3000 денари месечно во следните 4 месеци, или вкупно 12 илјади денари. Право на овие 3 илјади денари ќе имаат:
- лицата кои користат право на социјална сигурност,
- лица кои го користат правото за попреченост,
- родители на децата со попреченост до 26-годишна возраст кои користат право за посебен додаток,
- лицата со попреченост кои користат право за помош и него од друго лице,
- лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба,
- самохрани родители корисници на ГМП, како и
- невработени лица.
За овие средства да бидат префрлени на сметките на граѓаните потребни се брзи законски измени. МТСП и другите надлежни институции ќе ги подготват законските измени и истите ќе бидат испратени во Собрание. Ковачевски не очекува опозицијат да ја блокира помошта за граѓаните и очекува сите пратеници ќе гласаат за измените.
