Тракторист загина на Галичица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тракторист од Охрид загинал вчера на Галичица откако со тракторот се превртел кај местото викано „Буква М“.

МВР соопшти дека несреќета се случила околу 13.50 часот кога П.Р.(28) од Охрид додека се движел со тракторот на шумски земјен пат, изгубил контрола, се превртел и починал на самото место.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид извршила екипа од СВР Охрид.