Трамп: Авионската несреќа во Вашингтон требаше да се спречи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионската несреќа во центарот на американската престолнина Вашингтон, во која патнички авион се судри со воен хеликоптер над реката Потомак, „требаше да биде спречена“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Трагедијата се случила во близина на националниот аеродром Роналд Реган, каде авионот се упатил кон слетување.

До денес, 18 тела се извлечени од реката Потомак, каде што се урнал авионот. Во авионот на Американ Ерлајнс кој се судри со хеликоптер Блек Хок имало 64 лица.

„Целосно сум информиран за страшниот инцидент што се случи на националниот аеродром“, се вели во изјавата на Трамп. „Господ да ги спаси нивните души“, рече тој обраќајќи им се на загинатите.

Претседателот се заблагодари на „неверојатната посветеност“ на итните работници кои први се јавија на местото на трагедијата.

Секретарот за одбрана Пит Хегсет најави итна истрага за инцидентот. Во хеликоптерот имало тројца воени лица.