Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека е „малку саркастичен“ кога во текот на кампањата постојано тврдеше дека војната меѓу Русија и Украина може да заврши во рок од 24 часа.
На тоа прашање Трамп одговорил во интервју за емисијата „Full Measure“ додека неговата администрација се уште се обидува да посредува во изнаоѓање решение, 54 дена по почетокот на неговиот втор мандат, објави порталот „Локал 10“.
„Бев малку саркастичен кога го кажав тоа. Она што навистина мислев е дека сакам да го решам и мислам дека ќе го решам тоа“, рече Трамп.
