Трамп им честиташе на демократите: „Завршија добра работа!“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп, во својата прва реакција на резултатите од меѓуизборите во САД, призна дека демократите постигнале значаен успех и изрази изненадување од изборниот исход.

„Имавме извонредни митинзи. Малку сум изненаден“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Тој истакна дека е подготвен да соработува со демократите во Конгресот за повеќе прашања, но нагласи дека не планира промени во својот кабинет по изборите.

Трамп призна и дека високите цени на горивото негативно влијаеле врз изборниот резултат на републиканците, бидејќи граѓаните биле незадоволни од зголемените трошоци.

Осврнувајќи се на Иран, американскиот претседател не ја исклучи можноста за силна воена акција, повторувајќи дека Техеран не смее да поседува нуклеарно оружје.

И покрај изборниот пораз, Трамп порача дека резултатите не ги смета за удар врз неговото претседателствување.

„Демократите со години се обидуваа да постигнат значајна победа и конечно успеаја. Им честитам за добрата работа“, изјави Трамп.

Според проекциите наведени во првичните извештаи, републиканците се соочуваат со можност да го загубат мнозинството во двата дома на Конгресот.