Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на прес конференција беше прашан за неговото влијание врз Русија.
Тој нагласи дека „има моќ во преговорите со Русија“, но не сака да зборува за тоа бидејќи во моментов се во преговори со Москва и, според него, денешните изјави од Русија биле „прилично позитивни“.
„Се надевам дека Русија, исто така, ќе постигне договор. … Мислам дека нема да се вратат во војна. Навистина верувам дека ако постигнеме мировен договор, договор за прекин на огнот, тоа може да доведе до траен мир. Мислам дека никој не сака повторно да војува… Ако претседателот Путин се согласи на примирје, мислам дека ќе бидеме во многу добра позиција да го спроведеме“, рече Трамп.
Трамп беше прашан и за стравувањата на некои сојузници во НАТО за агресивниот став на Русија и дали мисли дека тие стравувања се оправдани.
„Не, мислам дека не се. Кога ова ќе се реши, ќе биде готово. Сите ќе сакаат да си одат дома и да се одморат.
„Не гледам дека тоа ќе се случи. И ние ќе се погрижиме да не се случи. Тоа нема да се случи, но ќе се погрижиме да не се случи“.
