Трамп: Иранскиот режим има последна шанса да потпише добар договор за мир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран има „последна можност“ да постигне договор со САД, додека истовремено предупреди дека Вашингтон е подготвен за силна воена реакција доколку преговорите не успеат.

„Ова е последната можност за иранскиот режим да потпише добар документ“, изјави Трамп, додавајќи дека разговорите меѓу двете страни продолжуваат и дека се одвиваат „брзо, на еден или друг начин“.

Во изјава за новинарите во Белата куќа, американскиот претседател порача дека САД се подготвени да преземат воена акција против Иран, која, според него, би била „посилна од секој воен напад од Втората светска војна“. Сепак, тој претходно нареди прекин на актуелните напади, оставајќи простор за дипломатско решение.

Трамп исто така изјави дека Иран нема да воведува такси за минување низ Ормутскиот Теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта.

„Ако некој треба да наплаќа такси за премин, тоа ќе бидеме ние. Имаме целосна контрола“, рече Трамп, додавајќи дека американската војска има механизми за спречување на какви било ограничувања во регионот.

Американскиот претседател нагласи дека сака да му даде на Иран можност за преговори пред да бидат преземени поостри мерки.

„Мислам дека можеме да постигнеме нешто. Сакам да им дадам секоја можност пред да биде предоцна“, изјави тој.

Трамп повторно го обвини иранското раководство за недоследност во ставовите, посочувајќи дека Техеран прво бара средба, а потоа негира дека има преговори. Тој истакна и дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје.

„Иран тврди дека ја контролира Ормутската Теснец, но тоа не е точно. Таа е под контрола на американската војска“, напиша Трамп на платформата „Truth Social“.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваат, додека меѓународната заедница внимателно ги следи можните дипломатски и воени чекори на двете страни.