Цените на нафтата денеска пораснаа за повеќе од еден процент, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина планира да купува сурова нафта од САД.
Цената на нафтата од типот „Брент“ се зголеми за 1,17 долари, односно 1,11 проценти, достигнувајќи 106,89 долари за барел. Во меѓувреме, американската лесна нафта поскапе за 1,10 долари или 1,09 проценти, на 102,27 долари за барел.
Растот на цените дополнително е поттикнат и од загриженоста за можни напади врз бродови и потенцијални заплени во Ормускиот теснец, еден од најважните поморски правци за глобален транспорт на нафта.
Цените на нафтата продолжуваат да растат и покрај информациите од Иран дека околу 30 бродови вчера поминале низ Теснецот без поголеми проблеми.
