Трамп ја призна победата на Бајден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, призна дека Џо Бајден ќе биде идниот американски претседател, ден после насилните протести во зградата на Конгресот во Вашингтон.

Како што пренесува АП, Трамп и во четвртокот наутро и натаму тврдеше дека изборите се украдени, вечерта соопштил дека ќе следува мирна транзиција на власта на администрацијата на Бајден.

„Конгресот ги потврди резултатите. Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20. јануари. Сега сум фокусиран на тоа да осигурам непречен и мирен пренос на власта. Овој момент бара лекување на раните и помирување“, наведе Трамп во виде снимка која се појави на „Твитер“.

Трамп го осуди насилството во Капитол, и наведе дека учесниците во нередите ја нишаат американската демократија.

„Вечна е честа да ви служам како претседател. На сите добри припадници им порачувам дека го разбирам нивното разочарување, но да ви кажем дека нашето патување допрва почнува“, наведе Трамп кој е соочен со повиците да поснесе оставка или да биде сменет после нападите во среда.