Трамп лансираше криптовалута пред неговото официјално враќање во Белата куќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доналд Трамп, новоизбраниот американски претседател, лансираше криптовалута, чија цена брзо се искачи на неколку милијарди долари.

„Мем-монета“ (криптовалута која потекнува од интернет мемовите) $Trump беше лансирана додека Трамп се подготвува да ја преземе функцијата како 47-ми претседател на САД на 20 јануари.

Со овој потфат управува CIC Digital LLC – подружница на Организацијата Трамп – која претходно продаваше чевли и мириси од брендот Трамп.

„Meme-coins“ се криптовалути кои се користат за популаризација на вирален интернет тренд или движење, но немаат внатрешна вредност и се исклучително ризична инвестиција.

До сабота попладне, 18 јануари, неколку часа по лансирањето, пазарната вредност на криптовалутата $Trump достигна речиси 5,5 милијарди долари, според CoinMarketCap.com.