Во Билбао, Шпанија, уапсени 19 лица поради немири за време на протестите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Баскиската полиција уапсила 19 лица, а покренала истрага против уште три лица поради немирите во Билбао, Шпанија, за време на кои биле запалени автомобили и контејнери за отпад, а биле нападнати и неколку деловни објекти, соопштија денеска властите.

Немирите избиле вчера, по собирот на неколку илјади демонстранти кои протестирале против најавениот настан на кој требало да зборува активистот и инфлуенсер Вито Квилес.

Настанот бил откажан од безбедносни причини, околу половина час пред планираниот почеток.