Трамп му ја намали казната на основач на озогласена банда, му остануваат да отслужи уште 200 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доналд Трамп, претседателот на САД донесе одлука за намалувае на казната Лари Хувер, основач на чикашката банда, по лобирањето на контроверзниот рапер Канје Вест. Трамп ги ублажи шесте доживотни казни затвор за Хувер, основач на бандата „Ганстерски ученици“, кои ги отслужува после пресувата во 1998 година.

Претходно Вест лобираше кај Трамп за ослобудување на Хувер.

Сепак, Хувер нема да биде ослободен, туку ќе биде префрлен во државен затвор за да ги отслужи остатокот од 200 години казна за злосторствата за кои беше осуден одделно. Претседателот на САД може да ги ублажи федералните казни, но не и државните.

Хувер е еден од најозлогласените криминалци во историјата на Илиноис. Обвинителите докажаа во повеќе судења дека тој ја водел трговијата со дрога во Чикаго од 1970 до 1995 година. Лари Хувер Џуниор, синот на Хувер, со години бара ослободување на својот татко и беше дел од песната на Канје Вест од 2021 година „Jesus Lord“.