Илјадници симпатизери на американскиот претседател Доналд Трамп, се собраа денеска во Вашингтон на протест пред одржување на седницата на Конгресот.
На насобраните им се обрати актуелниот претседател на САД, кој рече дека „изборите се наместени како никогаш досега“.
„Ги наместија изборите како никогаш досега, а синоќа не беа лоши во одработување на задачата. Никогаш нема да се откажеме, и нема да го трпиме ова. Да го сопреме грабежот. Убедливо победивме“, порача Трамп.
Вкупно 535 членови на Конгресот, кои ги чинат и Сенат и Претставничкиот дом, заседавањето го почнаа еден час после пладне по локално време. Со седницата претседава потпретседателот на државата и претседавачот на Сенатот, Мајк Пенс.
Станува збор за една од завршните процедури за верификација на исходот од изборите во САД, според кои победник беше Џо Бајден кој освои 306 електорски гласови, наспротив 232 на Трамп.
