Трамп наскоро ќе ги прекине воените програми за вклучување и различност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе потпише извршни наредби за откажување на програмата за различност, еднаквост и вклучување во војската и за враќање на работа на илјадници војници отпуштени затоа што одбија да се вакцинираат против вирусот за време на пандемијата „Ковид-19“. Секретарот за одбрана Пит Хегсет објави во понеделникот.

Хегсет, поранешен водител на Фокс њуз и воен ветеран, беше потврден за секретар во Сенатот на САД со минимална поддршка – тој доби 51 глас против 50.

Тој не беше поддржан од тројца републиканци, па како 51-ви, одлучи гласањето на потпретседателот на Трамп, Џеј-Ди Венс. Ова е втор пат во американската историја потпретседателот да интервенира со својот глас во Сенатот при потврдувањето на министрите, јавуваат американските медиуми.

„Доаѓаат повеќе извршни наредби“, им рече Хегсет на новинарите по неговото пристигнување во Пентагон на неговиот прв ден на функцијата.

Хегсет вети дека ќе донесе големи промени во Министерството за одбрана, а еден од неговите приоритети е укинување на програмата Различност, еднаквост и вклучување, позната колективно под американскиот акроним DEI.