Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник објави трговски договор со Јапонија, за кој рече дека ќе овозможи Јапонија да инвестира 550 милијарди долари во САД и да плати реципрочна царина од 15 проценти.
Во објава на Truth Social, Трамп додаде дека Јапонија ќе се отвори за трговија со автомобили, камиони, ориз и одредени земјоделски производи, меѓу другото.
„Ова е многу возбудливо време за САД, особено затоа што секогаш ќе имаме одлични односи со Јапонија“, рече тој.
Соопштението на Трамп следеше по состанокот со главниот преговарач за царини на Јапонија, Рјосеи Аказава, во Белата куќа во вторник, според весникот „Асахи“.
Весникот, исто така, објави дека Аказава имал состаноци со американскиот секретар за трговија, Хауард Лутник, и секретарот за финансии, Скот Бесент.
