Трамп: „Расипаниот“ Џо Бајден нѐ внесе во вистински хаос со Русија, но јас ќе ве извлечам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека неговиот претходник Џо Бајден ја внесе земјата во вистински „хаос“ со Русија, чија администрација ја обвини за избувнувањето на војната во Украина, збунето повлекување на американските сили од Авганистан и терористичкиот напад во Израел.

„Расипаниот Џо Бајден нѐ воведе во хаос со Русија, но јас ќе ве извлечам. Непотребно се мртви милиони луѓе, никогаш повеќе нема да ги видиме, и ќе бидат уште повеќе ако не завршиме со ова и не потпишеме прекин на огнот и конечен договор со Русија. Немаше да има војна ако јас бев претседател. Тоа е едноставно, 100% не би се случило“, напиша Трамп на социјалната мрежа „TruthSocial“.