Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон „веднаш ќе почне да ги блокира бродовите што се обидуваат да влезат или излезат од Ормутскиот теснец“.
Тој додаде дека ѝ наредил на американската морнарица да забрани премин низ Ормутскиот теснец на бродови што платиле данок на Иран.
Разговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран, што двете земји ги водеа во Пакистан, завршија синоќа без конкретно решение и одговор на прашањето што ќе се случи откако ќе истече првично договореното 14-дневно примирје.
Американската делегација, предводена од потпретседателот Џ.Д. Венс, тврди дека Техеран одбил да се обврзе да не развива нуклеарно оружје.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Техеран има „длабока недоверба“ кон оние што ја нападнаа неговата земја, додавајќи дека Иран е подготвен да возврати доколку повторно биде нападнат.
