Трамп: Сакаме да влеземе во Иран и да исчистиме сè

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека сака целосно да биде отстранета раководната структура во Иран.

„Сакаме да влеземе и да исчистиме сè. Не сакаме некој што би обновувал во период од 10 години“, рече Трамп во телефонско интервју за NBC News.

Тој додаде дека има одредени идеи за тоа кој би бил „добар лидер“ во Иран.

Претседателот на САД исто така наведе дека презема одредени чекори за да се обиде да обезбеди луѓето што ги има на ум да го преживеат војната.

Трамп претходно изјави дека „ќе мора да биде вклучен“ во именувањето на следниот ирански лидер и дека синот на починатиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, би бил „неприфатлив“.

„Тој е ‘лесна категорија’“, рече Трамп.

Според американскиот претседател, сега би било „губење време“ да се разгледува испраќање американски копнени трупи во Иран.

„Тоа е губење време. Изгубија сè. Ја изгубија својата морнарица. Изгубија сè што можеа да изгубат“, рече Трамп, додавајќи дека изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи дека Техеран е подготвен за американска или израелска копнена инвазија е „залуден коментар“, пренесува Тaнјуг.