Трамп се закани дека ќе воведе царини за Европската Унија: „Многу се лоши кон САД“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот се закани дека ќе воведе царини за Европската унија и рече дека неговата администрација разговара за царина од 10 отсто за кинескиот увоз бидејќи фентанилот (наркотици кои имаат смртоносни последици) се испраќа од Кина во САД преку Мексико и Канада.

Трамп ги упати најновите тарифни закани во обраќањето пред новинарите во Белата куќа, еден ден по преземањето на функцијата.

Тој веднаш не воведе тарифи како што ветуваше за време на изборната кампања.

Трамп рече дека ЕУ и другите земји имаат проблематични трговски суфицити со САД.

„Европската унија е многу, многу лоша кон нас“, рече тој, повторувајќи го она што веќе го кажа во понеделникот.

„Значи, тие ќе бидат покриени со царините. Тоа е единствениот начин да се постигне фер договор“, изјави Трамп.