Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека Џо Бајден згрешил што не си издал превентивно помилување пред да ја напушти функцијата.
„Овој човек одеше наоколу давајќи им помилување на сите. И знаете, што е смешно, а можеби и тажно, тој не се помилува себеси“, рече Бајден.
Во своето прво интервју еден на еден по враќањето во Белата куќа, Трамп предупреди дека Бајден добил „многу лош совет“.
„Џо Бајден има многу лоши советници. Некој го советуваше Џо Бајден да ги помилува сите освен себеси“, нагласи тој.
Да потсетиме дека Бајден ги искористи последните часови како американски претседател за да издаде неколку превентивни помилувања. Тој го помилува д-р Ентони Фаучи, кој го координираше одговорот на САД на пандемијата на коронавирус.
