Трамп: Уништивме ирански „глисери“, тоа е сè што им остана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп на платформата Truth Social ги опиша најновите настани во Ормутскиот теснец и операцијата „Проект слобода“, со која Америка сака да обезбеди премин на бродови низ Ормускиот теснец, во услови на зголемени тензии и низа инциденти во регионот.

„Иран изврши напади врз нации кои не се поврзани со бродовите во операцијата „Проект слобода“, вклучувајќи и еден јужнокорејски товарен брод. Можеби е време Јужна Кореја да се придружи на мисијата! Удривме во седум мали ирански бродови или, како што сакаат да ги нарекуваат, „глисери“. Тоа е сè што им остана.

Освен јужнокорејскиот брод, во овој момент нема штета на бродовите што минуваат низ теснецот. Министерот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Генералштабот на армијата Ден Кејн ќе одржат прес-конференција утре наутро“, напиша Трамп на Truth Social.