Трамп: Војната нема да трае долго

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната во Иран нема да трае долго.

Трамп рече дека во одреден момент ќе ги повлече американските сили од регионот на Персискиот Залив, но „не сега“.

„Земјите мора да се вмешаат и да го решат тоа. Иран е десеткуван“, додаде Трамп.

Тој посочи дека „не размислува“ за иранските залихи на високо збогатен ураниум, бидејќи се длабоко закопани.

„Дури ни не размислувам за тоа. Само знам дека е толку длабоко закопан што ќе биде многу тешко било кому да стигне до него“, рече Трамп во телефонско интервју за „Си-Би-Ес Њуз“.

Тој додаде дека ураниумот е „доста безбеден“ на таа длабочина, но дека „одлуката ќе биде донесена“, без да прецизира што точно тоа значи.