Неговата администрација ќе вложи максимални напори за ставање крај на руско-украинската војна, изјави новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во четвртокот.
„Ќе работиме на Блискиот Исток и ќе работиме многу напорно на Русија и Украина. Ова мора да престане. Русија и Украина мора да престанат“, рече Трамп на церемонијата за Американскиот институт за политика во клубот Мар-а-Лаго во Флорида, додавајќи:
„Денеска го видов извештајот. Илјадници луѓе се убиени во последните три дена. Илјадници и илјадници беа убиени. Случајно беа војници, но дали се војници или луѓе што седат во градовите, ние ќе работиме на тоа“.
Зборувајќи за минатонеделната победа на изборите, Трамп рече дека американскиот народ направил „нешто многу, многу неверојатно“.
„Најголемата политичка победа во последните 129 години“, рече Трамп.
Републиканците обезбедија мнозинство на минатонеделните избори и ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот.
Трамп победи на изборите со 312 електорски гласови, надминувајќи го прагот од 270 против демократската ривалка, потпретседателката Камала Харис.
Трамп ќе преземе четиригодишен мандат во јануари следната година.