Американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на НАТО во Хаг, потенцираше дека е многу тешко да се сопре војната во Украина, и покрај тоа што тој во својата кампања ветуваше дека ќе ја сопре војната за само 24 часа откако ќе стане претседател.
Новинар на австриската национална телевизија го праша Трамп: Еднаш изјавивте дека ќе ја запрете војната во Украина за 24 часа, а потоа изјавивте дека тоа го кажавте во сарказам…
Трамп: Секако дека беше саркастично…
Новинар: Вие сте претседател веќе пет месеци, зошто не ја запревте војната во Украина?
Трамп: Затоа што е потешко отколку што луѓето можат да замислат. Беше потешко со претседателот Владимир Путин. Имав проблеми и со Зеленси, и вие читавте за нив. И потешко е отколку со другите војни. Погледнете, за 12 дена ја завршивме војната која се подготвуваше 30 години. Го сопревме конфликтот меѓу Руанда и Конго. Можеби е најважно што ја сопревме војната меѓу Индија и Пакистан.
