Требаше да излезе на ТВ за да добие државјанство, Велиу: Тоа што не се направи за 50 години, се направи за 20 дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Мене ми беше драго бидејќи толку многу изгубив надеж бидејќи имаме проблеми да се јавиме во полиција, да го испратам за Косово.
Се сретнавме повторно на истото место по 20 дена. Во просторијата каде Реџеп Велиу, жител на Синѓелиќ, се жалеше дека 50 години не може да добие државјанство на Македонија. Но по сторијата на ТВ21, властите реагирале и Велиу веќе има државјанство и официјално е државјанин на Македонија.

„Појдовната точка беше кај вас, ни јас самиот не верував дека ова ќе се случи. Кога излеговте од тука и рековте дека ќе успее, јас не верував. Но ете се случи благодарени на вас. Тој ден ме повикаа и ми рекоа дека ако работата така како што изјавивте во медиумот, дојдете утре“, рече Велиу.


Неговиот пријател, Муртез Реџепи со години му помагал за добивањето документи, ни раскажа какви се процедурите.

„Пријател на албанскиот народ, не само мој, ја видел снимката и веднаш не повика да отидеме утредента во 8.30 часот во МВР со Реџеп. Ни рече да ги земеме сите документи со себе, од ’74, му реков нема проблем. Реџеп ги чуваше сите документи како лична карта, пасош, воена книшка, работна книшка дека работел 10 години, венчален извод, сметки за вода, струја и ги стави на маса“, вели Реџепи.


ТВ21 пред 20 дена информираше за проблемите со кои се соочува Велиу за добивање државјанство а кој аплицирал 3 пати по ред, но без успех.