Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов е оптимист за зголемување на минималната плата.
Тој вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека неопходно е што поскоро да се зголемат платите.
„Ако ги прашувате работодавачите, денеска се уште ќе им работевме за 10 илјади денари, меѓутоа во равенката не се прашуваат само работодавачите, се прашуваат работниците – оние кои им го ствараат капиталот на работодавачите. Добро платени работници се и продуктивни работници. Неопходно е што поскоро зголемување на платите“, вели Трендафилов.
Целата изјава во продолжение: