Тренерски смени низ Европа: Зидан го напушти Реал, Конте си замина од Интер, Алегри се враќа во Јуве…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веднаш по завршувањето на сезоната во најдобрите првенства во Европа, се случија и некои неочекувани тренерски смени. Особено во Италија, каде што Антонио Конте си замина од Интер, и покрај освоеното Скудето. Конте наводно се решил за заминување поради тоа што не прифатил намалување на платата, која изнесува околу 12 милиони евра годишно.

На негово место ќе дојде Симоне Инзаги од Лацио, кој што ќе прифати за тројно помала плата да седне на клупата на италијанскиот првак.

Тренерска смена ќе има и во Јувентус. Се шпекулира дека Масимилијано Алегри ќе се врати во тимот од Торино, и ќе го замени Андреа Пирло кој треба да добие отказ.

Неочекувано нов тренер ќе добие и Реал Мадрид. Иако Зинедин Зидан пред една и пол години се реши да се врати во таборот на „кралевите“, сепак, се реши за заминување, и покрај тоа што со тимот дојде до второто место во Шпанија, и до полуфинале во ЛШ. Како негов заменик се споменува токму Антонио Конте.

И ПСЖ би можел да остане без тренер, откако Мауруцио Покетино е се поблиску до враќање во Тотенхем. Лондонскиот тим веќе почнал преговори со Аргентинецот за негов „кам-бек“, а и тој не би имал ништо против по само кратка пауза повторно да се пресели во Лондон.

Кога сме кај клубовите од големите првенства, да се напомене дека нов „шеф“ ќе има и Баерн Минхен во името на Јулијан Нагелсман кој доаѓа од Лајпциг. Ханси Флик, пак, ќе биде селектор на Германија по ЕП 2021 година на местото на Јоаким Лев.