Трет ден препукувања во Собранието – додека пратениците се караат, пакетот помош на „стенд бај“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трет ден од расправата за ребалансот на буџетот.
И денешниот ден продолжи со реплики и контра реплики меѓу власта и опозицијата. Пратеникот од редовите на ДУИ, Берат Ајдини, рече дека предлогот за ребалансот на буџетот содржи многу елементи кои ќе и помагаат на домашната економија и граѓаните, вклучувајќи ги и студентите и учениците.

Но, со тоа не се согласува пратеникот на Алијанса за Албанците.

Од друга страна пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојановски, рече дека откако почна расправата за ребалансот, не поминува ниту еден ден, пратениците на СДСМ да не прочитаат партиско соопштение.

Пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазарова, му предложи на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ да ја прочита анализата за ребалансот на буџетот.

Дебатата за ребалансот може да трае најмногу 5 дена. По неговото усвојување ќе почне реализацијата на четвртиот пакет на мерки предвиден со кој се опфатени и исплата на плати за неколку илјади работници за месеците октомври, ноември, декември. Вкупната финансиска помош за четвртиот пакет помош на стопанството, која треба да се обезбеди со ребалансот, изнесува 470 милиони евра.