Денешниот земјотрес кој се случи во близината на Измир, е третиот земјотрес кој се случува оваа година во Турција.
Досега во земјотресот во Измир се регистрирани 14 загинати и преку 400 повредени, но се стравува дека бројката ќе расте, со оглед дека неколку десетици се пријавени за исчезнати.
И натаму се свежи сеќавањата на катастрофалниот земјотрес во Елазиг, кој се случи на 24. јануари оваа година. Тој беше со нешто послаб интензитет од денешниот, односно со 6,7 степени според Рихтеровата скала, но за разлика од овој, епицентарот беше во близината на градот. Тогаш загинаа 41 лице, а 1600 беа повредени.
Еден месец подоцна, на 23. февруари се случи уште еден земјотрес на турско тло. Поточно на границата со Иран, а притоа загинаа 10 лица, и 100 беа повредени. Тој беше со епицентар од 6,8 степени според Рихтеровата скала, но за среќа се случил во област која не е густо населена.
Во поново време во Турција, најсилен земјотрес бил оној во 1999 година во градот Измит, во близината на Истанбул. Притоа загинале повеќе од 17 илјади лица.
