Тргна масовен руски напад во Курск, сакаат со деситици илјади војници да ги исфрлат Украинците од тој регион

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Русија се обидува да ги истисне украинските сили од нејзиниот западен регион Курск со десетици илјади војници, изјави главниот украински командант Олександр Сирски, во обид да ја врати територијата изгубена летото додека продолжува нејзината офанзива во источна Украина.

Коментарот на генералот Сирски дојде еден ден откако Њујорк Тајмс објави дека Москва собрала сила од 50.000 војници, вклучително и севернокорејски војници, долж регионот што се граничи со Украина со цел напад, и дека подготвуваат масовен напад.

„Тие се обидуваат да ги дислоцираат нашите војници и да напредуваат длабоко во територијата која ја контролираме. По наредба на нивното воено раководство се обидуваат да ги дислоцираат нашите трупи и да напредуваат далеку во територијата која ние ја управувам“, напиша Сирски на „Телеграм“.

Сирски не го спомна можното присуство на севернокорејски војници меѓу руските сили.