Тргна за Премиер, стана Народен правобранител – сѐ уште не се знае кој Албанец 100 дена ќе биде премиер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тргна за да стане прв премиер Албанец во Северна Македонија, но ќе стане Народен правобранител. Изборот на Насер Зилбери за оваа функција ги судри власта и опозицијата, но отвори дилеми и во самата ДУИ. Координаторот на парламентарната група на Интегративците, Изет Меџити вели дека нема дилема за фигурата на Насер Зибери за народен правобранител, но сега го поставува прашањето кој ќе биде премиер во последните 100 дена на владата, а одговорот ниту тој самиот не го знае.

„За тоа сметам дека треба да го прашате г. Груби за тоа каков е договорот и дали ќе биде г. Насер Зибери тие 100 дена Премиер, и доколку не, зошто не и кој ќе биде првиот Премиер Албанец во РСМ?!“, истакна Изер Меџити.

ТВ21 упати прашање до кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби за тоа кој ќе биде премиер Албанец во последните 100 дена, но одговор не добивме.

Албанската опозиција се противи за името на Зибери нарекувајќи го неспособен за да ги брани правата на граѓаните бидејќи како што велат, е политички зависен.

„Народниот правобранител има задача и обврска да биде политички независен и да ги штити интересите на граѓаните во државните органи. Овој предлог за Народен правобранител не е ниту независен ниту може да ги брани интересите на граѓаните наспроти државните институции“, посочи Скендер Реџепи.

ВМРО-ДПМНЕ фигурата на Насер Зибери ја нарече контаминирана,преку која се продолжува партизацијата на институциите во земјава преку договорите меѓу СДСМ и ДУИ.

Пратеникот Арбен Зибери не учествуваше во работата на оваа седница, поради конфликт на интереси, бидејќи Насер Зибери му е чичко.