На Зелениот пазар во Тетово има вкупно 360 тезги, од кои околу 130 се слободни. Иако има простор за сите, сепак голем проблем останува продажбата на улица. Тоа ги револтира трговците кои плаќаат закупнина за тезгите. Велат дека продажбата значително им е намалена и не успеваат да ги покријат ниту трошоците за закупнина, додека оние кои продаваат на тротоарите немаат никакви трошоци.
„Тоа е сосема нормално, затоа што човек застанува со автомобил, ги зема работите и си оди. Овде нема ниту паркинг, ништо нема. Тоа е целата работа, брате. Ние земаме роба, а робата не се продава. Се трудиме, но тие надвор многу ни пречат. Што побрзо да апелираме до градоначалникот. Ние имаме, затоа што е многу подобро отколку сите овие што плаќаат кирија, ме разбираш?“
„Ни пречат, повторно ни пречат!
Продажбата е послаба, нели?
„Ние овде плаќаме кирија, плаќаме… што е ова?“
Другите трговци велат дека условите внатре во пазарот се многу подобри, има хигиена, камери и робата е безбедна, па затоа бараат сите да се преселат внатре и да работат согласно законот.
„Продавачите надвор малку пречат. Јас сум производител. И јас продавав надвор, па дојдоа инспекторите и ми рекоа: ‘Влези внатре’. И јас влегов внатре, бидејќи имаше слободно место. Плаќаш 260 денари месечно и не се мачиш на улица да оставаш таму пред тебе… Тоа порано беше катастрофа! Сега овде хигиената е подобра, сè е средено, самата роба си ја чуваш, има камери и сè останато.“
Одговорните на тетовскиот пазар велат дека сите оние кои продаваат надвор можат да влезат внатре, но со тоа што остануваат на улица им нанесуваат голема штета на трговците кои редовно плаќаат.
„Приближно, пазарот располага со 360 тезги, од кои, се разбира, околу 120 до 130 се слободни. Иако тие не изгледаат слободни, бидејќи корисниците кои се внатре плаќаат, на пример, за една тезга, а користат две или три тезги, затоа што тие се слободни. Сите оние кои се заинтересирани и продаваат надвор, можат да се обратат во нашите канцеларии и ние ќе им понудиме слободни тезги.“, вели Авзи Ризвани.
Трговците очекуваат инспекторите да излезат на терен и да ги отстранат продавачите од улицата, за секој да работи подеднакво и според законите.
Од Општина Тетово дозволиле само во четврток да се продава и на тротоарите, бидејќи тој ден е пазарен ден. Но, проблемот трае со години и никако да се најде решение.
