Три европски земји им делат на граѓаните брошури како да преживеат евентуална војна

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Милиони Швеѓани почнаа да добиваат брошури со совети за населението како да се подготви и да се однесува во случај на војна или други неочекувани кризи.

„Во случај на криза или војна“ е брошура од пред шест години, која сега е ажурирана поради, како што шведската влада го нарекува влошување на безбедносната ситуација, осврнувајќи се на руската инвазија на Украина. Книшката сега е исто така двојно поголема, пишува Би-Би-Си.

Соседна Финска, исто така, штотуку објави свои совети за „инциденти и подготвеност за кризи“ на интернет. Норвежаните, исто така, неодамна добија книга со инструкции во која се објаснува како да поминете сами една недела во случај на екстремни временски услови, војна и други закани.

Во деталниот дел за воениот конфликт, финската дигитална брошура објаснува како владата и претседателот би реагирале во случај на вооружен напад, нагласувајќи дека финските власти се „добро подготвени за самоодбрана“.

Шведска и Финска се приклучија на НАТО алијансата во последните две години, по руската инвазија. Норвешка беше основач на Западната одбранбена алијанса. За разлика од Шведска и Финска, владата во Осло одлучи да не печати брошура за секое домаќинство бидејќи тоа „ќе чини милиони“, а дигиталната верзија може полесно да се ажурира.

Во брошурите има и листа на намирници кои треба да ги имате дома. Списокот вклучува храна која не се расипува, како што се конзервирани грав, енергетски шипки и тестенини, како и лекови кои вклучуваат таблети со јод во случај на нуклеарна несреќа. За Швеѓаните, идејата за ваква книга не е ништо ново. Првото издание на „Ако дојде војна“ беше создадена за време на Втората светска војна и беше ажурирано за време на Студената војна.