Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во рускиот напад врз украинскиот регион Чернихив

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во рускиот напад на украинскиот регион Чернихив загинаа три лица, меѓу кои и едно шестгодишно дете, а четири лица се повредени, соопшти денеска прес-службата на Националната полиција на Украина. Според извештаите, цел на руските сили биле граничната населба Сновска хромада во областа Корјукив, објави Укринформ.

Нападот бил извршен со беспилотни летала на камион кој доставувал течен гас до домаќинствата во таа област, а потоа експлодирал, предизвикувајќи пламен да ги зафати и станбените згради.

Според првичните податоци, загинале три лица, од кои две во камионот, како и едно шестгодишно девојче, а повредени сè уште четири лица, меѓу кои две деца на возраст од 13 и 4 години.

На лице место се полицијата и специјализираните служби, како и медицински екипи кои им помагаат на загрозените. Локалниот функционер Вјачеслав Хаус изјави дека станува збор за терористички акт чии жртви имало деца, како и дека руските сили намерно го гаѓале возилото со течен гас.