Тричасовен пад на популарните мрежи Фејсбук, Месанџер, Ватсап и Инстаграм.
Тие се уште не се достапни.
Се работи за мрежи кои се под покровителство на Фејсбук, а кои, според првите информации, паднаа низ целиот свет.
Проблемите со пристапот започнаа некоја минута по 17 часот, но околу 17:40 часот услугите на Фејсбук целосно беа оневозможени.
Во меѓувреме се огласија и од Фејсбук, од каде велат дека се работи на проблемот.
„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на тоа за да се вратат работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“, истакнаа од Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап – во моментов не се достапни
- Се огласија од Фејсбук: Се работи на проблемот
- Фејсбук услугите во прекин – Твитер полн со реакции и потсмев
- Падот на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап трае веќе два часа
