Трипуновски: Државата ги блокираше парите од ИПАРД 3, од Брисел нѝ рекоа дека е одлично што брзо се откриени несакани појави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за злоупотребите со ИПАРД 3 програмата.

Тој уште еднаш демантираше дека Брисел ги блокирал парите, туку дека оваа Влада ставила блокада, и дека тоа било поздравено од ЕУ.

„Она што сега се сака да се наметне во јавноста дека се блокирани 130 милиони евра, дека македонското земјоделство ќе има застој, не е точно. За да биде уште еднаш појасно, ова што се случи со противзаконско дејствие кое ЈО води постапка, и целиот процес на постапка го водиме како држава, односно националното тело веднаш по откривање на ваков случај ги замрзна средствата. Паѓа во вода тезата дека Брисел ги блокира средствата. Ние ги блокираме. Ова проверка ја пријавивме во Брисел,  и од таму добивме одговор „одлично што брзо откривате вакви несакани појави, и очекуваме резултати од проверката која ја спроведувате.“, рече Трипуновски.