Трипуновски: Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва дебатиравме на различни теми. Една од нив беше и состојбата со стоковите резерви.

„Како влада ние направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство. Ова покажува еден државен пристап, затоа што имаме сериозно производство на пченица, и жалосно е да се купува пченица од надвор. Во делот на производство на пченица, можеме да кажеме од жетва 2025 година се собраа 300 илјади тони пченица, што е еквивалент на домашните потреби“, рече Трипуновски.