Трипуновски: Откупната цена на тутун за 20 денари повисока од лани, годинава раст од 30 милиони килограми грозје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ зборуваше и за тутунот и за македонското вино.

Трипуновски вели дека сега откупната цена на тутунот сега е зголемена за 20 денари од лани, и дека досега се откупени над 1 милион килограми тутун.

„Согласно Закон на тутун и тутунски производи, краен датум за откуп на тутун е 15 декември. Во овој момент не е пробиен законскиот рок, и согласно последните информации кои ги добивам од терен, најголем дел од компаниите ги имаат отворено откупните места. Првичните податоци, до сега се откупени нешто над 1 милион килограми тутун, 967 илјади килограми прва категорија, и нешто ситно на втора и трета категорија. Цената е 419 денари за килограм, за 20 денари минатогодишната откупна сезона. Како министерство преку инстепкторатот и во комуникацијата со компаниите, очекувам сезоната да заврши во нормален тек“, изјави Трипуновски.

Околу грозјето, Трипуновски кажа дека оваа година има раст на берба на грозје за 30 милиони килограми.

„Оваа година бербата заврши со 115 милиони килограми, што е раст за 30 милиони килограми за разлика од лани“, рече Трипуновски.