Трипуновски: Земјоделците да се групираат во земјоделски задруги, само така ќе се избегне поскапување на производите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како да се избегнат поскапувањата на земјоделските производи на пазарите? Ова го прашавме министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој вечерва гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.

„Да ги насочиме земјоделците да се групираат во земјоделски задруги, и само така ќе бидат конкуренти и како правен субјект да бидат учесници во делот на договарање на нивниот земјоделски производ. За таа цел постојат две Асоцијации кои ги групираат земјоделските задруги, со кои јас имав состанок, и заедно со ланецот на маркети. Една од Асоцијациите во делот на овоштарството имаат почетна соработка да директно како земјоделска задруга, ги продаваат производите на ланецот на маркети и така да го избегнат моментот на трговци кои се јавуваат во двете категории. Ова е добар старт и може да се прошири и во другите сегменти“, рече Трипуновски.

Целата изјава околу оваа тема низ следното видео: