Тропската бура Елса предизвика три жртви на Хаити – во моментов се движи кон Куба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку три лица загинаа во тропската бура Елса што ги погоди јужните брегови на Хаити и Доминиканската Република.

Американските медиуми јавуваат дека невремето предизвика паѓање на дрвја, а брзината на ветерот достигнувала до 100 километри на час.

Тропската бура во моментов се движи кон Куба, каде населението се евакуира по должината на јужниот брег, и се стравува дека невремето ќе донесе поплави, откако претходно погоди неколку карипски острови.Елса зад себе остави пустош, а меѓу најтешко погодените острови се најде Барбадос, каде повеќе од 1.100 луѓе пријавија дека им се оштетени куќите, а 62 објекти се целосно уништени.