Трошановски: Ние сме во перманентна кампања – „Партиите ќе манипулираат со електоратот преку централни теми“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Треба да се испрочитува волјата на граѓаните и да не се делегитимира самата Влада уште наредната недела откако ќе завршат изборите. Секако треба да се остави некој временски период Владата непречено да почне да ги врши замислите, односно да ги имплементира програмите за коишто се заложила на изборите – вели аналитичарот Марко Трошановски, од Институтот за демократија „ Социетас цивилис „ во неделно интервју за Радио Слободна Европа.

На прашањето каква кампања не очекува за локалните избори, рече дека како по обичај, нашите партии ќе манипулираат со електоратот преку централни теми.

„Следејќи како се однесуваа партиите во изминатите изборни циклуси на локално ниво, мислам дека секако централните теми ќе го заземат местото во предизборниот наратив. Локални прашања во смисла на конкретни комунални и инфраструктурни проекти секако дека ќе провејуваат, но манипулацијата со гласачите преку централни теми несомнено сè уште ќе постои и очигледно партиите не се одвикнуваат од таа пракса, бидејќи се покажува како високо мобилизирачка и ефективна во смисла на електризирање на електоратот и ги тера луѓето повеќе да излезат на гласање, иако реално тие теми немаат никаква врска со ингеренциите на локалната власт. Тоа е пракса што дефинитивно треба да престане, тоа е класична манипулација со електоратот“, посочи Марко Трошановски.