Трошната колиба ја дели со животните – 36-годишниот Борче живее во влага, без струја и вода

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Борче Грујиќ, живее во населба Пржино – Скопје, а многу ги сака животните и птиците. Денот го поминува грижејќи се за нив.

Борче живее сам и во многу тешки услови во старата куќа без елементарни услови. Ходниците на куќата се преполни со шишиња вода. Освен ова, Борче нема ниту електрична енергија.

За Борче ги прашавме неговите соседи. Велат дека е мирен и сакан сосед за нив. Додаваат дека тој навистина има потреба од помош, за да има нова куќа со елементарни услови за живеење.

Борче не е примател на социјална помош и покрај тоа што, како што вели, ги има сите документи. Има кокошки и кози, па се храни со јајца и козјо млеко. Вели дека и козата нема доволно млеко бидејќи нема со што да ја храни. Единственото нешто што бара Борче е нормален живот како сите други.

Број на Борче 071-332-654