Царинската управа тајно и без медиуми прослави 30 години од постоењето. На прославата од испратениот готов текст и фотографии може да се забележи дека присутни биле премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за финансии Фатмир Бесими.
ТВ21 се обрати до лицето одговорно за односи со јавност од каде не информираа дека станувало збор за затворен тип на настан и таков бил протоколот.
Од испратените фотографии може да се забележи дека на настанот присутни се само владини сниматели и фотографи.
Рекреативци до редакцијата на ТВ21 се пожалија дека биле бркани од кејот на Вардар поради одржувањето на свеченоста и безбедноста на гостите.
