Цел Дебар и Центар Жупа утре два часа без струја

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЕСМ известува дека поради планиран зафат, утре сите корисници на Дебар, Центар Жупа и Реканскиот крај ќе остане без струја од 10:30 до 12:30 часот.

„Поради планиран зафат од страна на државната енергетска компанија ЕСМ, на 28.11.2024 (четврток), од 10:30 до 12:30 ч. без снабдување со електрична енергија ќе останат сите корисници на Дебар, Центар Жупа и целиот Рекански крај, како и приватната ТС Кнауф.“, велат од Електродистрибуција.