Бројот на заразени може да се намали со покачувањето на температурите, а доколку има втор бран, следната година може да има целосна вакцинација. Ова е мислењето на вицепремиерот, Бујар Османи, кој воедно е и медицинско лице, искажано во емисијата ЕУ КЛИК. Меѓутоа тој додаде дека станува збор само за предвидувања кои не може никој да ги гарантира.
„Според моите претчувства, поради високите температури во јуни и јули ќе се намали бројот на заразени. Доколку имаме вакцина, кон крајот на октомври ноември, ќе го вакцинираме медицинскиот кадар за да ги заштитиме. Потоа, доколку се појави нов бран ќе има целосна вакцинација другата година, но сето ова се само проекции за кои нема гаранција“, вели Бујар Османи.
Османи зборуваше и за полицискиот час и вели дека забрана за движење од две недели е добар начин да се спречи ширењето на вирусот, но додава дека е тешко изводливо.
Што се однесува до помошта која пристигнува, иако имаше шпекулации дека Кина најмногу помага, сепак според статистиката тоа не е вистина. Најголемата помош стигнала од земјите членки на Европската унија и НАТО.
Инфектологот, Фадил Цана вели дека епидемиолошката анкета од матичните лекари е многу важна бидејќи, како што рече, тие кои имаат симптоми, но не на КОВИД-19 не треба да се одат на инфективна.
„Во ова клиника, секое доаѓање на пациентот кој има целосно негативна епидемиолошка анкета, не треба да оди во Клиниката за инфективни болести бидејќи таа е можно жариште на пациентите кои имаат други болести и слаб имунолошки систeм“, додава Фадиљ Цана.
Цана рече дека бројот на излечени пациенти на Инфективна клиника секој ден се менува. Според него има протокол за отпуст на пациентите од болницата. Како што објасни, по двонеделно лекување, се прават две тестирања, доколку се негативни и двата теста тогаш пациентот се пушта дома.
Нормализацијата на ситуацијата би можела да се очекува во јуни или јули. Властите порачаа претстојните верски празници, рамазан и велигден да се поминат дома, без одење на гости и без групни мешања. Само така верниците ќе направат нешто свето и добро, а тоа е да го сочуваат здравјето на нивните роднини, пријатели, познаници.
