Оваа состојба во која моментално се наоѓаме ја очекувавме, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
По утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести биле донесени и нови рестриктини мерки кои ќе се активираат доколку во следниот период состојбата се влоши. А мерките се:
- Целосна забрана за организирање на настани
- Скратување на работното време на сите економски субјекти до 23 часот
- Во јавниот превоз капацитетот да биде исполнет до 50%
Следната недела во Собрание треба да бидат направени измените на законот за полиција, по што на Влада ќе може да биде изгласан претходниот пакет мерки кои беа изминатата недела беа донесени.
- Задолжително носење на маска на отворено
- Забрането групирање по 22 часот на отворено
- На гости во вашиот куќа/стан максимум четири гости
