„Целта им се блокади и провокации“ – Османи: Македонија да не паѓа на провокациите од некои Бугари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Македонија овие недели треба да внимава да не паѓа на провокации кои имаат за цел да ја блокираат земјава на патот кон ЕУ и вината да ја префрлат кај нас, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи. Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека нема да дозволи македонизмот да влезе во ЕУ, Османи рече дека има бугарски актери чија цел се блокади и провокации, со цел Македонија да направи грешка во овој циклус на процесот.

Министерот Османи изјави дека земјава не разгледува никаков предлог или конкретна тема во однос на прашањето со Бугарија, додавајќи дека “топката“ е кај Бугарија и дека таму треба да се консолидираат ставовите во врска со натамошниот тек на процесот меѓу Скопје и Софија.

Во јуни на Европскиот совет треба да се донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија, меѓутоа мали се шансите тоа да се случи бидејќи нема никаков договор за деблокада меѓу Скопје и Софија.