Цената на нафтата од типот Брент денес падна под 100 долари за барел, а европските индекси пораснаа по веста за разговорите меѓу САД и Иран што би можеле да ја завршат војната на Блискиот Исток.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта падна за 6,02 проценти на 86,775 долари за барел во 9:30 часот наутро, а цената на нафтата од типот Брент падна за 5,82 проценти на 97,728 долари.
„Њујорк тајмс“ (NYT) објави, повикувајќи се на двајца неименувани американски претставници, дека Соединетите Американски Држави му испратиле на Иран предлог од 15 точки насочен кон прекин на конфликтот.
