Цената на нафтата ќе влијае на цената на производите – Реџепи: Владата да ги субвенционира фирмите кои зависат од нафтата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Економистот Гадаф Реџепи вели дека поскапувањето на нафтата ќе има влијание повеќе кај бизнисите отколку кај поединците и тоа ќе има последици врз поскапувањето.

„Намалувањето на ДДВ за 8% е од помош, тоа ќе се почувствува, но јас лично во овој случај го гледам најголемиот проблем кај фирмите отколку кај поединците, што поединци го користат за транспорт и имаме други алтернативи, но бизнисите зависат од производите и самите деривати и цените може да се променат бидејќи не можат да си ги дозволат сите овие дополнителни трошоци, вели Реџепи.

Според Реџепи, Владата ќе мора да се заложи за мерки за производителите кои директно зависат од поскапувањето на нафтата.

„Може да има некои пакети но исто така треба да бидат селектирани не за сите бизниси, за оние бизниси чии производи имаат голем процент на деривати, кај тие бизниси, не кај сите, не мислам дека треба да се намали акцизата, рано е за тие многу остри мерки “, вели Реџепи.

На бензинските пумпи во Северна Македонија од денеска поскапо се продаваат нафтените деривати. Ова е затоа што Регулаторната комисија за енергетика синоќа донесе одлука за поскапување на бензините за 3,5 денари, а на дизелот за 8,5 денари. Инаку, синоќешната одлука доаѓа по препораката на Владата за промена на методологијата за утврдување на цената на горивата, односно наместо секоја недела, цената ќе се менува на дневна основа, во зависност од промените на светската берза.