Цената на суровата нафта од типот Брент се искачи на повеќе од 110 долари, што е зголемување од 7,7 проценти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цената на суровата нафта „Брент“ вечерва се искачи на повеќе од 110 долари, покажуваат податоците од светските берзи.

Цената на суровата нафта „Брент“ вечерва околу 21:50 часот се зголеми за 7,74 проценти на 111,13 долари за барел.

Како што објавија светските медиуми, глобалните цени на нафтата се зголемија за повеќе од седум проценти, што е последица на геополитичките тензии и војната на Блискиот Исток.